More

    Светски познат златар организирал грабеж на сопствената златарница

    spot_img

    Познат сиднејски златар е обвинет дека смислил и спроведувал измамнички план, кој вклучувал вооружен грабеж на сопствената златарница, со цел да собере 2,8 милиони долари од осигурување, пишува Гардијан.

    Златарницата „Германи“ дизајнираше накит за некои од најбогатите и највлијателните луѓе во светот, како што се принцезата Дијана, Елизабет Тејлор и членовите на саудиското кралско семејство.

    Шеесет и петгодишниот златар, кој е уапсен и е во затвор, првично ѝ изјавил на полицијата дека двајца мажи, преправајќи се дека се муштерии, со нож му се заканиле, нему и на вработена во неговата златарница во Сиднеј. Потоа им ги врзале рацете и нозете и побегнале со голема количина скап накит.

    Полицијата уапси две лица, Шанел Тофаено и Мунир Хелу, за наводниот грабеж минатиот месец. Сепак, детективот Џо Духи сметал дека нешто не е во ред со целиот случај и ја продолжил истрагата. Во понеделникот, полицијата го уапси Германи под сомнение дека целиот грабеж е всушност измама.

    Полицијата сега се сомнева дека сопственикот бил вклучен во „планирање и координирање на грабежот и обид за измама на осигурителната компанија“.

    Вработената во златарницата, која беше повредена во грабежот, е целосно трауматизирана од нападот.

    – И се заканувале со насилство и ѝ биле врзани рацете и нозете. Таа верувала дека тоа е вистински грабеж – вели детективот.

    Германи сега се товари за тешка кражба, лишување од слобода, обид за стекнување финансиска корист со измама, заведување на полицијата и попречување истрага, учество во организирана криминална група и криминална активност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img