По повеќегодишна пауза, македонската поп пејачка Елена Ристеска се враќа на сцената со песната „Ме боли за сѐ“, со чие прво емитување, публиката се запозна на „Макфест 2024“ во главната вечер, информираат од тимот на пејачката.
Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски. Текстот е напишан од Масевски и Ристеска.
Од тимот на Ристеска најавуваат и официјален видео запис за оваа песна, во блиска иднина.
Инаку, Елена имаше впечатлив настап на „Макфест“ што се одржа викендов, се појави со нов имиџ, а нејзиниот моќен глас и изведба ги воодишевија сите.
Облечена во виолетов костим со интересна фризура, седната во фотеља на самата сцена, Елена имаше светски настап. Овој пат видовме една „нова“ Елена, која со својот моќен глас и интересен стајлинг ги маѓепса присутните.