Светска банка советува да се отстранат пречките за вработување на лицата од ЛГБТИ зедницата

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Светската банка денеска соопшти дека политиките насочени кон зајакнување на социјалното вклучување на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, трансродовите и интерсексуалните (ЛГБТИ) луѓе би можеле да помогнат во градењето поправедни и рамноправни општества и да имаат корист за економиите на Северна Македонија и Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Годишниот бруто домашен производ (БДП) на двете земји би се зголемил во просек за 0,6%, или вкупно 360 милиони американски долари, според студијата на Светска банка, „доколку се намалат бариерите за влез на пазарот на трудот за ЛГБТИ луѓето кои се соочуваат со дискриминација поради нечија сексуална ориентација, родов идентитет и изразување и родови карактеристики“.

Како што се наведува во соопштението, поверојатно е дека ЛГБТИ лицата во Србија ќе бидат во понеповолна економска положба од општата популација.

Еден од 7  ЛГБТИ лица во Северна Македонија сè уште се соочува со дискриминација на работното место во однос на вработување, отпуштање и професионално напредување.

-Пристапот до основните услуги и пазари и можноста за достоинствен живот се темелите на успешниот и одржлив развој – рече директорот на Светска банка за Западен Балкан Шаочинг Ју.

Тој оцени дека истражувањето покажува дека „вклучувањето на ЛГБТИ луѓето не само што е вистинската работа, туку и основа за стабилна економија“.

Северна Македонија и Србија спроведоа важни реформи кои ги штитат правата на ЛГБТИ луѓето, соопшти Светска банка, додавајќи дека е неопходно да се спроведат клучните реформи договорени како дел од процесот на пристапување во Европската унија.

Share This Article