Светска банка: Растот на БДП во Западен Балкан забавува, инфлацијата е неконтролирана

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Земјите од Западен Балкан оваа година би можеле да постигнат раст на БДП до четири отсто, но им се закануваат поскапувања на енергенсите, инфлацијата и непредвидливиот тек на војната во Украина, се вели во проценката на Светската банка (СБ) од нејзиниот редовен есенски шестмесечен извештај, објавен во понеделник.

Во анализата објавена во Сараево, се проценува дека оваа година БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Албанија ќе забележат просечен раст на бруто домашниот производ од 3,4 отсто, што е двојно помалку од 2021 година, кога оваа растот беше 7,6 отсто, но во исто време е значително повисок од проекциите за 2023 година, кога се очекува забавување на економскиот раст и пад на ниво од 2,8 отсто за целиот регион.

Годинава највисока стапка на раст на БДП забележа Црна Гора, каде може да заврши на ниво од 6,9 отсто, додека македонската економија беше најлоша со раст на БДП од скромни 2,1 отсто.

Драматичното зголемување на инфлацијата се почувствува и во овој дел од европскиот континент, па таа до октомври достигна просечни 12 отсто за сите земји од регионот, но во Босна и Херцеговина беше дури 16 отсто.

„Владите во Западен Балкан ги спроведуваат неопходните мерки како одговор на зголемената инфлација и енергетската криза, но нивната цена е висока бидејќи има значително зголемување на јавните расходи“, рече директорот на Светска банка за Западен Балкан, Ксијаокинг Ју. Таа нагласи дека од клучно значење е преземените мерки да ги заштитат најранливите домаќинства и компании, а Светска банка останува подготвена да помогне во овие напори.

Во земјите како БиХ, се наведува во анализата, најсериозните домашни ризици за финансиската стабилност остануваат нерешените политички проблеми, отсуството на реформи кои ги бара Европската унија, но и влијанието на растот на цените на енергијата, што ќе значи притисок врз фискалниот сектор. .

Покрај тоа, се закануваат нарушувања во производството и трговијата како резултат на светските трендови и војната во Украина.

Share This Article