More

    Светска банка ѝ одобри кредит на Македонија

    spot_img

    Светска банка ќе обезбеди заем во вредност од 93,8 милиони евра за Северна Македонија, со цел зајакнување на фискалната позиција и финансискиот сектор во земјата, како и поддржување на нејзината зелена транзиција.

    Како што соопштија од Светската банка, новото финансирање во рамките на Операцијата за развојна политика на одржливост и отпорност на Северна Македонија е одобрена денеска од страна на Бордот на директори на Светска банка.

    – Северна Македонија, како и други земји во Европа, се соочува со континуирани инфлаторни притисоци, што ги оптоварува јавните финансии во услови на монетарно затегање и зголемени трошоци за задолжување. Со оваа поддршка, наша цел е да обезбедиме брзи финансиски средства за зајакнување на фискалната одржливост, истовремено поддржувајќи ги неопходните климатски реформи и енергетската транзиција на земјата – изјави Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светка банка за Северна Македонија и Косово.

    Новата операција на Светска банка ги поддржува напорите за намалување на зависноста од фосилни горива на Северна Македонија преку подобрена енергетска ефикасност во јавниот сектор, зголемени инвестиции во обновливи извори на енергија и подобро собирање на податоци во врска со изложеноста на банкарскиот сектор на климатските ризици.

    Реформите, се посочува, може да ѝ помогнат на земјата во привлекување на околу 45 милиони евра приватни инвестиции за обновлива енергија, вклучително и инсталација на соларни панели, до 2026 година.

    Заемот од Светска банка се состои од единечна транша за повлекување од 93,8 милиони евра со рок на доспевање од 11 години, вклучувајќи 4,5 години грејс период, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img