Светска банка бара да се воведе данокот на CO₂

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во изминатите 50 години, земјава забележа значителен пораст на бројот на поплави, екстремни топлотни бранови, пожари и обилни врнежи. Само во последните две децении, земјата се соочи со 12 катастрофи поврзани со климатските промени кои погодија 1,3 милиони луѓе. Со раст на глобалното затоплување, се очекува ситуацијата да се влоши во наредните години, наведува  Светска банка во новиот извештај со наслов „Преглед за климатски јавни финансии на С Македонија“.

Во него се наведува дека земјава треба да направи низа реформи за да се подготви за заканите поврзани со климатските промени и да продолжи со пристапувањето во Европската унија.

Според директорот на Канцеларијата за Светска банка за Косово и за земјава Масимилиано Паолучи, преземањето итни активности за ублажување и прилагодување на климатските промени е приоритет, но потребни се и сет на политики и значителни инвестиции.

– Се очекува климатските влијанија да се интензивираат заедно со емисиите на стакленички гасови, со што земјата ќе биде потопла и посува, и ќе се соочи со почести и посилни поројни дождови кои ќе доведат до поплави – вели Паолучи.

Извештајот ја нагласува важноста од паметните фискални политики за апсорпција на загубите поврзани со климатските промени и поддршка на одржлив економски развој.

– Даночната политика, на пример, би можела да го поттикне зелениот транспорт и одржливите технологии, со отстранување на крајните субвенции за електричната енергија на јаглен, а истовремено да ги заштити ранливите домаќинства од зголемените трошоци за енергија. Означувањето на буџетот за климатските промени и процесите на зелени набавки може да ги намалат економските трошоци и да ги заштитат јавните финансии – велат од Светска банка.

Извештајот ја нагласува потребата земјава  брзо да воведе цена на емисии на јаглероден диоксид за да ги ограничи емисиите на стакленички гасови и да собере значителни приходи за државниот буџет, потенцијално до 730 милиони евра годишно.

– Приходите од цените на јаглеродот би можеле да ги поддржат домаќинствата и бизнисите за време на многу потребната зелена транзиција и да обезбедат заеднички придобивки како што се подобрување на квалитетот на воздухот и здравјето – вели рече Сања Маџаревиќ-Сујстер, виш економист во Светска банка и автор на извештајот.

Со оглед на тоа што земјава има цел да се приклучи на Европската унија и да се усогласи со нејзините цели за нула емисии, извештајот ја нагласува важноста за поддршка на зелената транзиција на земјата преку мерки на фискалната политика.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article