More

    Светот ги виде седнати еден до друг на рагби-натпревар

    spot_img

    Сиот свет ги виде Новак Ѓоковиќ и Рита Ора еден до друг на финалето на Светскиот куп во рагби меѓу Нов Зеланд и Јужна Африка. Новак беше во Париз бидејќи се подготвува да игра на последниот Мастерс во сезоната, а многумина се прашуваа што таму прави убавата албанска пејачка. Албанските медиуми ја искритикуваа Ора дека се сликала со Новак.

    Српските медиуми дури шпекулираа дека Рита Ора наводно разговарала со Новак, а дека тој се исмејувал со пејачката родена во Приштина. Но, ова не е потврдена информација. На фотографиите, Новак и Ора се насмеани.

     

    Но, Рита Ора всушност била на натпреварот поради нејзиниот сопруг, уметникот Таика Ваитити, со кого е во врска од 2021 година, а се омажи со него лани. Таика е 16 години постар од Рита Ора и работи како филмски режисер, продуцент и сценарист. Тој е Новозеланѓанец од мешан брак, сака рагби и будно го следеше натпреварот.

    Неодамна, Рита Ора крена прашина од коментари кога пееше на концерт обвиена со српското знаме, кое момче ѝ го даде во публика на концерт во Унгарија. Таа подоцна рече дека мислела дека тоа е унгарското знаме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img