Сведоштво на братот на починатиот музичар Милан Завков

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Музичарот Тоше Завков, брат на познатиот македонски инструменталист, мајстор на хармониката Милан Завков, кој почина синоќа, за Женски магазин ги раскажа последните моменти од животот на неговиот брат.

– Двајцата бевме на одмор и вчера ни беше прв ден на работа. Речиси цел ден бевме заедно. Разговаравме, правевме планови поврзани со музиката. Отидовме на ручек. Беше многу расположен. Ние бевме многу блиски и секојдневно се дружевме. Никогаш не се пожали дека има здраствени проблеми. Делуваше здраво и имаше голема енергија. Иако, цел ден бевме заедно, ми се јави околу 19 часот. Долго време разговаравме, се шегувавме и се смеевме. По два часа ми се јави неговата сопруга. Ми рече дека на Тоше не му е добро и веднаш да дојдам кај нив. Беше веќе доцна. Брзата помош во нивниот дом констатирала смрт. Сè се случило одеднаш. Милан бил во своето студио, кое е во рамките на нивната куќа. Работел на своите нови песни кои сакаше да ги пријави на фестивалите. Дошол во салонот и само рекол дека го стега нешто во градите. Го добил првиот срцев удар, а потоа следувал и вториот – раскажува братот на музичарот.

Share This Article