Сурови горчливи семки од кајсија на производителот „Менехопулос“ од Солун чиј увозник и дистрибутер е „Зото трејд“ од село Штука, општина Босилово се небезбедни за употреба и се повлекуваат од продажба, информира Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во производот е откриено присуство на цијановодородна киселина.
Производот е со сериски број /лот: LL0131G1001 и LL0131G1002, со датум на производство 09.2022 година, а е употреблив до 31.05.2024 година.
Од АХВ ги повикуваат граѓаните кои го купиле овој производ да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.