More

    Суптилен знак кој може да открие дека бебето има проблеми со дишењето

    spot_img

    Плачењето, немирот и температурата јасно укажуваат дека на детето не му е добро, но има и други показатели, суптилни, кои не треба да ги игнорирате.

    Но, ако забележите дека детето суптилно кимнува со главата при секое вдишување, тоа е знак дека треба што побрзо да се однесе на лекар.

    Здравствените експерти кои стојат зад страницата за прва помош на Инстаграм, Tiny Hearts Education, споделија видео кое покажува како изгледа.

    „Ако вашето бебе го прави ова, однесете ја на лекар. Кимнувањето е знак дека има проблеми со дишењето“, предупредија и појаснија дека всушност тоа е движење со кое телото се обидува да внесе повеќе кислород.

    Детето прикажано на видеото е хоспитализирано откако неговите родители го забележале проблемот. Лекарите констатирале дека има пневмоторакс и го задржале на одделението за интензивна нега.

    Родителите ги споделија своите искуства со симптомите на респираторен дистрес во делот за коментари. Некои го забележале овој симптом кај бебиња инфицирани со респираторен синцицијален вирус (РСВ), пренесува Index.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img