Судскиот совет денеска ја избра судијката Емине Мурати за судија од кривична област во Апелационен суд Гостивар, додека судијата Вулнет Винца од Основен суд Охрид беше делегиран во Струга и избран за в.д. претседател на Основен суд Струга, каде што денеска му беше утврдено пензионирање на поранешниот претседател Ифет Бајрамовски.
На денешната 477. Седница Судски совет ја утврди конечната ранг листа за избор на судии на Апелациски суд Штип, и тоа од граѓанска област кандидати се Тодор Поп Панев, Сузана Милевска, и Александар Цацков, а од кривична област, Цона Каламерникова, Ѓорѓи Андонов, Сузана Милевска, Јулијана Невкова и Невена Перица.
На седницата беа формирани Комисија за подготвување на кандидатски листи за избор на член на Советот и Комисија за утврдување на број на слободни судиски места за основните судови во РСМ.
Планот за јавни набавки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година беше усвоен со дополнение за јавни набавки кое опфаќа шест набавки, помеѓу кои канцелариска опрема, опрема за снимање и гласање, информатичка опрема, софтвер за утврдување на сложеност на судски предмети и замена на подна покривка. Членот Селим Адеми, побара да се доуреди и набавката на симултан превод, за која рече дека е ветена одамна.
Барањето за патни трошоци на судијката Габриела Гајдова, судија на Апелационен суд Скопје, беше одобрено.