More

    Судскиот совет остро му врати на холандскиот амбасадор

    spot_img

    Судскиот совет функционира законски и во согласност со надлежностите дадени во Законот за Судски совет, заклучи Судскиот совет на денешниот работен колегиум, се вели во денешното соопштение на Советот.

    На овој работен колегиум, се вели во соопштението, се отфрлени како неосновани тврдењата на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп дека новиот претседател на Советот е избран во нелигитимна процедура и затоа се става во мирување четиригодишниот проект финансиран од оваа земја.

    Членовите потенцираат дека првиот човек на Судскиот совет е избран на седница со потребниот број на гласови утврдени во Законот за Судски совет на Република Северна Македонија. Советот ги повика надлежните да ги испитаат сите сомнежи за корупција, а воедно потсетуваат дека Врховниот суд дополнително и во законска процедура ги проверува сите одлуки донесени за проверка за одговорноста на судиите преку жалбениот Совет“ – укажува Советот.

    Холандскиот проект трае 4 години и се состои од три компоненти: ефикасност, отчетност, транспарентност и регионална соработка и во моментот се наоѓа во третата проектна година, се информира во соопштението од работниот колегиум на Судскиот совет, потпишано од портпаролката Гордана Дувњак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img