Германскиот тенисер Александар Зверев повторно е обвинет за семејно насилство.Како што пренесуваат германските медиуми, судот во Берлин покренал нов случај против тенисерот, а сега тој е обвинет од поранешната девојка Бренда Патеа со која има ќерка.
Манекенката се породи во Германија, но претходно изјави дека не доаѓа предвид да го одгледува детето со тенисерот кого го обвини за физичко и психичко малтретирање.
Зверев беше под истрага на АТП за семејно насилство врз неговата поранешна девојка Олга Шарипова, но беше ослободен поради „недостаток на докази“.
Иако не се знае за што точно станува збор, се наведува дека пријавата за таков налог значи дека јавниот обвинител има доволно сомнеж за Зверев. Доколку судот одлучи да изрече казна, 26-годишниот тенисер ќе има рок од две недели да поднесе жалба на пресудата
Од ПР тимот на Александар Зверев немаат коментар за овој случај.