Две лица загинаа во судар на два авиони денеска во Австралија, соопшти полицијата.
Полицијата во државата Квинсленд соопшти дека службите за итни случаи биле повикани на аеродромот Кабултур, во близина на градот Бризбејн, откако било пријавено дека два мали авиони се судриле во близина на земјата.
„Две лица кои патуваа во истиот авион загинаа во сударот“, се вели во соопштението на полицијата. Пилотот на другиот авион, кој бил сам, според полицијата не е тешко повреден.
Австралиското биро за безбедност на транспортот (ATSB) ќе ги испита причините за несреќата.