Судија на претходна пoстапка во Основниот кривичен суд во Скопје, му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на Палевски.
Палевски негира дека бил во бегство.
– Не сум бил во бегство, не смеам да говорам поради истрагата – рече кратко тој на новинарско прашање на излегување од скопскиот Кривичен суд.
Веднаш штом беше екстрадиран од Турција, Љупчо Палевски Палчо од притворот во Шутка писмено побарал адвокати во судскиот процес да му бидат Тони Менкиновски, Славчо Секуловски и Јовица Страшевски.
Ниту еден од нив не прифатил да му биде бранител, па во судскиот процес, согласно законот, судот ќе му додели адвокат по службена должност, пишува Либертас.