Судењето за „Империја“ продолжува на 9. мај

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска беа изведени материјални докази од Oбвинителството во врска со случајот „Империја“ против преостанатите две лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.

Во овој предмет се обвинети Цветан Панделески за „злоупотреба на службена положба“, „перење пари“ и „измама“ и Јованчо Тасковски за „измама“.

На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, помеѓу кои договори помеѓу фирмите Ексико со Искра ММ, Езимит Холдинг и Матиќ Инженеринг, како и записник од состанок на Oдборот на директори на Бетон Штип.

– Она што е важно се активностите и одлуките кои се донесени кои претставуваат основа за одржување на Собранието на акционери на Бетон Штип – рече обвинителката.

Беше презентиран и статутот на Бетон Штип, договорот за пренос на удел помеѓу Искра ММ и Бетон Штип, податоци од Агенцијата за катастар на недвижности како и повеќе известувања од Комерцијална банка.

Според опишаните дејствија во Обвинителниот акт, првообвинетиот, веќе прогласениот за виновен и наведен како второобвинет во обвинителниот акт Зоранчо Митревски и уште едно веќе едно осудено лице, во периодот од мај до август 2013 година како соизвршители ги искористиле своите овластувања како одговорни лица – членови на Одбор на директори на правно лице и претставници на акционерскиот капитал.

– Тие заедно, по претходен договор, со умисла помогнати од сведок-соработник на правдата и веќе осудено лице во предметот, прибавиле значителна имотна корист во износ од 4.000.000 евра за три правни лица, а на штета на оштетеното правно лице и 150 малцински акционери. Со намера да го прикријат изворот од казненото дело, прво и второобвинетиот паричните средства ги пренесувале на жиро сметки на други правни лица – се вели во обвинителниот акт.

Од октомври 2013 година до јануари 2014 година двајца сведоци-соработници на правдата, заедно, како соизвршители со прво и третообвинетиот Јованчо Тасковски, со намера за себе и за друг да прибават значителна противправна имотна корист, довеле во заблуда едно физичко и едно правно лице.

Парите прибавени од кривично дело и исплатени по основ на дивидендата на правното лице, каде членовите на семејството на првообвинетиот биле сопственици, според обвинението, за да се прикрие дека потекнуваат од кривично дело, по насоки на првообвинетиот, по основ на позајмица биле префрлени 62.000.000 денари на неговата лична сметка, а останатите во износ од 45.833.000 денари правното лице ги пуштило во оптек за плаќање по разни основи.

- Advertisement -
Ad image

За дел од лицата опфатени во истражната постапка, помеѓу другото, имаше пресуди врз основа на предлог спогодби, застарување како и решенија за неповедување на кривична постапка.

Случајот го води судијката Васка Николовска Масевска, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Судењето продолжува на 9 мај.

Share This Article