More

    Судбината на шеестина лица виси на конец

    spot_img

    Лидерот на милитантната група Хамас, Јахја Синвар можеби наредил ликвидација на сите преживеани израелски заложници во случај на негова смрт, предупреди висок израелски функционер вклучен во преговорите со палестинските терористи, пишува „Дејли Телеграф“.

    Синвар беше ликвидиран минатата среда, кога израелските одбранбени сили (ИДФ) случајно го открија во Појасот Газа. Во последните мигови од животот тој мавнал со стап кон дроноткој влета во зградата каде се криеше водачот.

    Сега Гершон Баскин, израелскиот преговарач кој го надгледуваше ослободувањето на Синвар од израелскиот затвор во 2011 година, заедно со уште 1.026 палестински затвореници во замена за ослободувањето на киднапираниот израелски војник Гилад Шилат, вели дека неговата смрт е „или можност за ослободување на заложниците или момент на очај.“

    – Смртта на Синвар е момент на пропаст бидејќи има гласини дека тој им наредил на луѓето што ги криеле киднапираните заложници да ги ликвидираат во случај да биде убиен – рече Баскин.

    Се верува дека околу сто израелски заложници сè уште биле во Појасот Газа во моментот кога бил убиен Синвар. Околу 60 од нив уште се живи.

    „Оние кои преживеаја се изложени на ризик никогаш да не бидат вратени во нивните семејства“, пренесува медиумот Хаарец, кој во неделата објави дека високи американски претставници, вклучително и државниот секретар Ентони Блинкен, оцениле дека има „мали шанси да се постигне договор“, со оглед на тензиите меѓу Израел и Хамас.

    Ова го потврдил и висок израелски функционер, неколку дена по смртта на Синвар:

    – Во моментов нема сериозни преговори за примирје, а Блинкен е целосно свесен за тоа. Нејасно е како смртта на Синвар ќе влијае на какви било потенцијални преговори, доколку ги има во овој момент.

    Баскин, исто така, наведува дека не е можно да се потврди дали Синвар дал наредба да се убијат заложниците, но дека гласините треба да се сфатат сериозно, со оглед на тоа колку Хамас се чини дека не е загрижен за нив.

    Како пример, тој го наведе ужасното убиство на шест заложници во тунелите под Рафа, што се случило на крајот на август.

    Портпаролот на израелската војска контраадмирал Даниел Хагари рече дека шесте заложници биле „сурово убиени од Хамас, непосредно пред израелските војници да стигнат до нив“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img