More

    Суд во Москва издаде налог за апсење на Јулија Навална

    spot_img

    Басманскиот Окружен суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство на Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради нејзината наводна вмешаност во екстремистичка заедница.

    „Јулија Борисовна не им беше достапна на истражните органи во претходната истрага. Во врска со тоа таа е ставена на потерница“, се наведува во соопштението на судот, пренесено од руските медиуми.

    Судот појаснува дека одлучил да донесе превентивна мерка против Јулија Навална откако ја разгледал претставката на истражните органи.

    „Таа е обвинета за сторено кривично дело според делот 2 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација – учество во екстремистичка организација“, се додава во соопштението.

    Притворот се смета од моментот на екстрадиција на територијата на Русија или од моментот на задржување на територијата на Руската Федерација.

    Федералното надзорно тело за финансии Росфинмониторинг денеска донесе одлука Навална да ја вклучи во регистарот на организации и поединци вклучени во екстремистички активности или тероризам.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img