More

    Студијата ја откри веројатноста бремената жена да зарази бебе со корона

    spot_img

    Има многу мала шанса бремената жена заразена со коронавирус да ја пренесе болеста на своето бебе, особено ако развила поблага форма на болест Ковид-19, покажа опсежната студија објавена во средата.

    „Има многу малку позитивни случаи на САРС-КоВ2 кај бебиња родени од мајки заразени со коронавирус“, се заклучува во научниот труд објавен во Британскиот журнал за медицина (BJM).

    Студијата е важна затоа што е еден од првите вакви обемни трудови што го покренува прашањето за пренос на коронавирус за време на бременоста. Станува збор за мета-анализа, во која се собираат податоци од неколку стотици веќе постоечки студии, што овозможува да се извлечат цврсти заклучоци.

    Според нив, невозможно е трудницата да ја пренесе болеста на своето бебе, односно тоа е многу ретка појава. Кога мајката е позитивна на коронавирус, околу 2% од бебињата се позитивни во рок од неколку дена по раѓањето.

    Но, оваа бројка крие можни варијации во зависност од околностите. Се чини дека бебињата се заразуваат многу почесто кога мајката имала потешка форма на болеста Ковид-19, особено во случај на хоспитализација. Затоа, научниците го поддржуваат систематското тестирање на новороденчињата кога нивните мајки имале потешка форма на болеста, но истовремено повикуваат да се избегнуваат посебни мерки кога станува збор само за позитивен резултат на тестирање за коронавирус.

    Посебно е несоодветно „разделбата на мајката и детето веднаш по раѓањето“, велат експертите.

    Студијата, исто така, покажа дека не постои ризик од пренесување на вирусот преку доење, што ги наведе авторите да препорачаат да се избегнува систематска употреба на вештачка храна за новороденчиња. „Генерално, наодите од оваа студија се охрабрувачки“, рече научничката Кетрин Меклин Пиркл, која не беше вклучена во студијата, но чие мислење беше објавено во едиторијал објавен во Британскиот весник за медицина.

    Но, таа нагласи дека податоците користени во студијата, иако многубројни, не се со еднаков квалитет. Конкретно, таа посочи дека не може да се заклучи колку се опасни за детето овие ретки случаи на Ковид-19 кои се јавуваат кај новороденчиња.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img