More

    Студентот кој уби 15 луѓе се сомничи дека убил и бебе

    spot_img

    Во Чешка утре ќе биде ден на жалост во спомен на жртвите на најсмртоносниот напад од осамостојувањето на земјата. Во нападот на факултетот за уметности во самиот центар на Прага се убиени 15 луѓе, а 30 се ранети, а таму е пронајдено и телото на напаѓачот, 24-годишниот студент Давид Козак.

    Полицијата се сомнева дека напаѓачот е можно е да биде одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.

    -Многу сериозно ги истражуваме наводите, кои се многу реални во моментов, дека напаѓачот од Филозофскиот факултет е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице – изјави на прес конференција началникот на полицијата Мартин Вондрашек, пишува чешкиот портал „Новинки“.

    На 15 декември, во местото Клановице  се застрелани 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка, но полицијата уште го нема пронајдено одговорниот за двојното убиство.

    На Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет, на плоштадот Јан Плач, во Прага, вчера дојде до пукање во кое загинаа 15 лица, а 30 се повредени, додека напаѓачот е убиен.

    Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за пукањето вчера бил пронајден мртов.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img