Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови. Температурата ќе достигне до 18 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.
И в петок ќе се задржи стабилно време, а за време на викендот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Температурите ќе бидат во пораст.