Денеска времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка значително ќе се зголеми.
Минималните температури ќе се движат од -2 до 3 степени, максималните до 8 степени.
Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно. Во утринските и претпладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината врнежите од дожд ќе преминуваат во снег со слаб интензитет. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во текот на ноќта и утре претпладне врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), па на планините снежната покривка позначително ќе се зголеми. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 km/h) и врнежите ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Преодно стабилизирање на времето ќе има во недела.
Од понеделник под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север се очекуваат нови врнежи претежно од снег и ќе се формира снежна покривка и во пониските места.