More

    Струјата поскапува – Ценовниот шок ќе се амортизира со 3 часа евтина дневна струја

    spot_img

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да направи анализа за да каже колкаво ќе биде зголемувањето на цената на електричната енергија откако владата одлучи ЕСМ од јули да му ја продава струјата на ЕВН Хоме за 60 евра по мегават час.

    Првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски вели дека е зачуден од владината одлука, но смета дека ова покачување може да се регулира. Него го загрижува тоа што ЕВН Хоме сега ќе треба да купува 15% од струјата на слободен пазар за да ја покрие потрошувачката на домаќинствата и на малите фирми.

    – Цената од 60 евра по мегаватчас што ЕСМ ќе му ја продава на универзалниот снабдувач може да се „исхендла“, но ме загрижува тоа што остатокот од 15% од потребите на ЕВН Хоме ќе се купуваат на слободниот пазар. Од фјучерсите што ги гледаме за третиот и за четвртиот час, таму цените се од 90 до 100 евра за мегават час – вели Бислимоски.

    Тој најави амортизирање на ценовниот шок со три часа евтина струја во текот на денот.

    – Она што сакам да го потенцирам е дека правиме напори да бидеме прва земја во Европа која ќе има три часа евтина струја во текот на денот – рече тој.

    Ако ова се реализира, тоа најверојатно ќе се случи од следниот декември за што ќе биде потребно повторно сетирање на броилата на ЕВН.

    Тој смета дека нема да има ценовен шок и дека цената на струјата нема да се одрази врз цените на другите производи. Бислимовски ги повика трговците и производителите да не прават злоупотреби со шпекулации.

    – Сакам да ги демантирам највулгарните и најбезобразните шпекулации дека цената на лебот е поврзана со цената на електричната енергија. Произведувачите на леб ја купуваат струјата на слободниот пазар. Во моментов цената на електрична енергија на слободниот пазар е далеку пониска отколку што беше во 2023, 2022 и 2021 година – рече Бислимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img