More

    Стравот од офанзива и гневот поради жртвите ги премисли руските власти

    spot_img

    Парада за падот на фашизмот на 9 мај ќе има во повеќе градови во Русија, но таа е откажана на полуостровот Крим. Британски претставници на одбраната сметаат дека Кремљ е загрижен поради високите бројки на руски жртви во војната и тоа како јавноста би реагирала на ова, пренесува Њузвик. „Парадите се чувствителен комуникациски предизвик за Кремљ“, се вели во проглас на британското Министерство за одбрана.

    „Почитувањето на паднатите од претходните генерации лесно може да се разводни и да прејде во разоткривање на тоа колкави се неодамнешните загуби, кои Кремљ се обидува да ги прикрие“, се додава во ажурирањето во четвртокот, кое ги нагласува руските загуби и украинските придобивки.

    Руските власти пак, велат дека парадата е откажана поради безбедносен ризик. Во меѓувреме руските сили поставуваат барикади од т.н. змејски заби преку кои ќе им го отежнат пристапот на украинските тенкови.

    Тамила Ташева, главен претставник на украинскиот претседател Володимир Зеленски за Крим, оваа недела рече дека илјадници Руси бегаат од Крим поради очекуваната пролетна контраофанзива на Украина.

    Плусинфо веќе пишуваше дека заменик-шефот на кабинетот на Володимир Зеленски за Фајненшл Тајмс изјави дека Украина би разговарала за Крим ако во офанзивата се пробие до границата со полуостровот.

    Тоа е сосем различно од изјавата на Михајло Подољак дека „ќе збришеме сè што е руско на полуостровот“. Подољак е висок помошник на Зеленски.

    Истовремено, Зеленски изјави дека Украина ќе се врати на Крим, а потоа мирот ќе се врати во светот.

    EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img