Стратешкиот инвеститор во ски-центарот Попова Шапка треба да ја почне првата фаза од инвестицијата следната година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стратешкиот инвеститор во ски-центарот Попова Шапка треба да ја почне првата фаза од инвестицијата следната година. Инвестицијата ќе се реализира во 6 инвестициски фази, од кои првата изнесува приближно 55 милиони евра, информира денеска министерот за животна средина Насер Нуредини.

-Во зонирањето на НП Шар Планина вложивме многу труд, трпение и знаење. Предвидовме бафер зона за ски-центарот за Попова Шапка. Попова Шапка во едно минато време беше предвзик за врвни имиња за зимските спортови, но за жал долгогодишното неинвестирање доведе до сериозно заостанување и неискористеност на бројните можности и капацитети за развој на туризмот што го нуди овој плански локалитет високо вреднуван и на европско и на светско ниво – рече Нуредини.
Целта е да заштитат природните вредности, но и да се овозможи одржлив развој и ски центарот да се развие во европски каков што треба да биде согласно природните можности што се нуди.

-Привлековме интерес на врвна и реномирана европска компанија од Јужен Тирол, „ТехноАлпин“, кој што е светски лидер во производство и инсталирање на системи за вештачки снег, признат експерт за дизајн на скијачки терени и скијачки зони и со 30 годишно искуство и 16 зависни друштва. Компанијата направи истражување и достави сериозна понуда која на последната седница Владата ја прифати како стратешка инвестиција. Планирано е компанијата да го презентира менаџмент планот – појасни Нуредни.

Најважно е, како што рече, дека опфаќа инвестирање во инфраструктурата – паркиралишта, сместувачки капацитети, обновување и поставување на два нови ски лифтови и скијачки патеки и поставување на машини за правење вештачки снег, со што скијачката зона ќе се продолжи и нема да зависи од временските услови.

Share This Article