Eдна од најпопуларните двојки во светот во моментот, пејачката Тејлор Свифт и НФЛ играчот Тревис Келси се на романтичен одмор.
Тејлор и Тревис уживаат на Бахамите, пренесуваат светските медиуми.
Не им пречеле папараците кои постојано ги снимале додека се капеле, се сончале и разменувале нежности, а фотографиите го обиколија светот.
Да потсетиме, нивната љубовна приказна на јавноста ѝ стана позната во ноември минатата година, а во пресрет на Суперболот се шпекулираше, па дури и се обложуваше дека играчот на Канзас Сити Чифс токму тогаш ќе ја запроси Тејлор. Тоа не се случи, но нивната љубов, сепак, цвета.
ФОТО: Инстаграм