Страшно невреме во Австрија, прогласена е вонредна состојба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Австрија е прогласена вонредна состојба откако некои села во јужната провинција Корушка беа отсечени поради лизгање на земјиштето и поплави по обилните дождови.

Обилните врнежи ја зафатија областа ноќта меѓу вторник и среда.

Во тој реон во спасувањето на локалното население учествувале 30 противпожарни единици, планинската спасувачка служба со кучиња трагачи трага по две исчезнати лица, а загина едно постаро лице.

Локалните власти соопштија дека повеќето луѓе се спасени. Тие ги молат луѓето да не ги напуштаат куќите и по можност да останат на горните катови. Опасноста од лизгање на земјиштето е преголема според локалните власти.

– Три села се целосно отсечени од светот – изјави Мелани Рајтер портпаролка на организацијата за Корушка, регион на границата со Италија и Словенија кој е погоден од лоши временски услови.

– За неколку часа падна толкава количина на врнежи како за цел јуни – изјави Герхард Хохенвартер од австрискиот институт за метеорологија и геодинамика.

Австрија доживеа оваа недела прво екстремен топлотен бран, потоа серија од грмотевици. Научниците предупредуваат дека зголемувањето на бројот на екстремни временски услови во Европа е директна последица на глобалното затоплување.

 

Share This Article