More

    Откриено зошто поранешната прва дама не беше покрај сопругот во текот на процесот

    spot_img

    Каде е Меланија Трамп? Тоа е прашањето кое на многумина им поминува низ глава додека ја следат драмата на Доналд Трамп во судницата, откако тој беше прогласен за виновен за фалсификување документи за да ги прикрие исплатите на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да ја молчи  пред изборите во 2016 година.

    Во текот на пет недели, низа поддржувачи на Трамп, вклучително и републикански пратеници, поранешни функционери на администрацијата, кандидати за потпретседател и неколку од децата на Трамп, беа на суд.
    Меланија Трамп сепак остана на Флорида.

    За време на судскиот процес, неговата сопруга Меланија, која во последните години се повлече од јавноста, воопшто не се појави во судницата во Њујорк. Последен пат беше видена во јавноста во средината на мај на дипломирањето на нејзиниот син Барон, со насмевка на лицето.

    Последен пат Трамп ја спомна на крајот на април, кога и беше роденден.

    – Пред сè, сакам да и го честитам роденден на мојата сопруга Меланија. Би било добро да сум сега со неа, но морам да бидам во зградата на судот каде што ми е наместено судење. Но ни оди многу добро, иако судењето е наместено – рече тогаш Доналд Трамп на излегување од судот.

    Освен на дипломирањето на синот, Меланија се појави во јавноста и на почетокот на април на собир организиран од милијардерот Џон Полсон и неговата свршеница Алина де Алмеида во Палм Бич, Флорида. Потоа се прошири видеото кое многумина го протолкуваа како доказ за студените односи меѓу Трамп и Меланија.

     

    Правните експерти велат дека иако често е корисно поротата да ги гледа обвинетите со нивните сопружници покрај нив во судницата, тоа не е важно во овој уникатен случај.

    – Општо земено, поротниците внимаваат кој седи во судницата. Адвокатите обично сакаат да имаат „поддршка“ за својот клиент за што сведочат пријателите и семејството – тоа е нешто што го хуманизира клиентот. Сепак, ова е сосема поинаков случај. Поротниците знаат дека ова е поранешниот претседател- објасни Ана Комински, адвокатка на Правниот факултет во Њујорк.

    Професорот по право во Беркли, Џон Ју, исто така рече дека не мисли дека нејзиното отсуство е значајно и дека тоа може да биде корисно за одбраната.

    Иако Меланија не беше видена на судењето,  двајцата постари синови на Трамп, Дон Јуниор и Ерик, и неговата снаа Лара Трамп присуствуваа на некои од рочиштата.

    Неговите синови можеа да се видат како доаѓаат и го напуштаат судот со големата придружба на нивниот татко и седат неколку редови зад него во судницата.

    Имињата на неговите возрасни ќерки Иванка и Тифани Трамп се појавија во сведочењето за време на судењето за перење пари, но тие не се појавија на суд за да го поддржат својот татко. И двете ќерки на Трамп живеат во Флорида.

    Но забележано е дека дури и без присуство на Меланија во судницата, нејзиното име се појави во сведочењето на повеќе сведоци во текот на процесот во кој Доналд Трамп е прогласен за виновен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img