Култниот цртан Том и Џери го одбележа детството на многумина во текот на седумдесетте години во етер, а сега повторно се емитува епизодата од 1949 година, која ги остави фановите во солзи поради една потресна сцена.
Во епизодата „Heavenly Puss“, Том привремено ги посетува рајските порти откако се повреди за време на тепачка со глувчето Џери. Златен ескалатор го води до врата каде што мачките се редат за да се качат во возот Хевенли експрес, пренесува Индекс.
Пред кондуктерот на возот, мачката која ги пушта во возот, се појавува влажна торба, која скока и врзана одозгора со конец. Три мачети Флаф, Паф и Маф потоа излегуваат од неа, тресејќи ја водата од себе, што имплицира дека некој ги удавил намерно.
Гледајќи ги мачињата, кондуктерот со незадоволство вели „што друго луѓето нема да прават“ и ги пушта мачињата да влезат во возот.
„Бевме премногу млади за да го разбереме ова“, напиша тој покрај видеото, кое растажи многумина, а многу фанови напишаа дека дури сега ја забележале тежината на сцената.
„Се сеќавам на оваа епизода. Бев дете и ништо не разбирав. Леле“, „Толку е болно да се знае дека толку многу слатки животни никогаш не добиваат шанса за живот“ и „Мислам дека тоа немаше да има смисла за мене како дете. Сега кога повторно го гледам, се чувствувам тажно“, се само дел од коментарите.