Страшна сообраќајна несреќа кај Елешец- животот го загуби 18-годишно момче од Охрид, а 16-годишниот сопатник е во критична состојба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Страшна сообраќајна несреќа се случила рано утринава во која животот го загуби 18-годишниот Д.Ц. од Охрид, а 16-годишниот сопатник е во критична состојба.

„Во 01:15 часот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на населбата Елешец, се случи сообраќајна несреќа во која патничко возило ‘пежо’ со охридски регистарски таблици излета од патот. За жал, возачот, осумнаесетгодишниот Д.Ц. од Охрид, го загуби животот на местото на несреќата, додека 16-годишниот сопатник е пренесен во болницата ‘Св. Еразмо’ со тешки телесни повреди.“, информираат од полицијата.

Како што велат од полицијата смртта кај возачот ја констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16-годишниот сопатник се наоѓа во критична состојба во болницата „Св. Еразмо“, каде му биле дијагностицирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Share This Article