Случаи на труење по наводна конзумација на газирани пијалоци во Хрватска објавија и странски и регионални медиуми.
Политико ја пренесе изјавата на Рајко Остојиќ, поранешниот министер за здравство, кој ги советувал граѓаните да пијат обична вода. “Не паничете. Избегнувајте ги сите газирани пијалоци. Пијте обична општинска вода. Загреб е одличен, Далмација исто така… Ако има нешто Хрватска, има одлична вода“.
На еден пациент наводно му се слошило откако испил кока-кола купена од автомат. Хрватскиот институт за јавно здравје ги анализира примероците од пијалокот за да утврди што ги предизвикало симптомите.
Coca-Cola HBC Хрватска во вторникот објави дека е запознаена со „изолираниот инцидент“ во Риека и дека соработува со властите, додека Coca-Cola HBC Австрија соопшти дека „внимателно ја следи“ ситуацијата.
Ваквата ситуација ја објави и британски Мирор, кој пренесува дека едно лице наводно пиело Ромеркел. Тие известија и за бројни пораки кои се проширија на социјалните мрежи, а во кои се наведува дека се отруени неколку лица. Министерот за здравство Вили Берош во вторникот изјави дека овие пораки се лажни.
Српски Блиц објави текст со наслов „Драма во Хрватска. Се зголемува бројот на затруени со минерална вода, пристигнаа првите резултати, предупредува министерот: не пијте газирана вода“.
За овие случаи српската јавност ја информираше и Курир, кој ги пренесува советите на лекарите кои апелираат до граѓаните да не пијат вода, сода бикарбона и слично, туку да се консултираат со лекар во случај да испијат сомнителна течност.