More

    Странски хуманитарни работници загинаа во израелски напад во Газа

    spot_img

    Седум хуманитарни работници загинаа во Газа во израелски воздушен напад, е новиот биланс што го објави невладината организација „Светска централна кујна“ (WCK), за која работеле хуманитарците.

    Оваа хуманитарна организација, која доставува храна во Појасот Газа, објави дека ги прекинува операциите во регионот.

    WCK соопшти дека загинале австралиски, полски и британски државјани, како и едно лице кое имало двојно американско-канадско државјанство и едно палестинско.

    Претходно, основачот на WCK, шпанско-американскиот готвач Хозе Андрес, на мрежата Х објави дека четворица странски хуманитарни работници и нивниот палестински возач биле убиени во израелски напад.

    Во соопштението на невладината организација ја осудува „трагедијата“ и наведува дека хуманитарните работници биле убиени „додека работеле на поддршка на хуманитарната работа за доставување храна во Газа“.

    Австралија ја потврди смртта на својот државјанин и го осуди нападот, додека САД рекоа дека се „длабоко вознемирени“ од настаните.

    Израелската војска соопшти дека „го разгледува трагичниот инцидент на највисоко ниво за да ги утврди околностите“, додавајќи дека „тесно соработува со WCK“ за дистрибуција на помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img