Странска туристка родила девојче во Лугарница во Националниот парк Пакленица во Хрватска

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Странска туристка родила девојче во Лугарница во Националниот парк Пакленица во Хрватска. Хрватската планинска спасувачка служба на социјалните мрежи ја објави информацијата за необичниот наста.

„Пред пристигнувањето на тимот на ХГСС, млада странска државјанка со асистенција на персоналот на Националниот парк роди девојче. Мајката и новороденчето безбедно беа пренесени во кањонот, каде што беа предадени на тимот на ХМП“ – напиша од ХГСС.

Директорката на НП Пакленица, Наталија Андачиќ, соопшти дека родилката не знаела дека е бремена и дека за среќа во спасувачката екипа имало и гинеколог.

-ХГСС ги превезе мајката и бебето до патот, бидејќи има многу за пешачење од Лугарница, каде што се породила жената. Дојде брза помош и ги однесе мајката и детето во болница. Се беше добро на теренот, и мајката и детето беа добро“, изјави Наталија за Индекс.хр

Девојката за која не е соопштено од каде пристигнала во Хрватска, се породила сама во тоалетот во Лугарница.

-Кога стигнавме, породувањето беше во завршна фаза. Таа се породи сама во тоалетот во Лугарница – откри детали една од докторките која пристигнала да и помогне на девојката која првично била во емотивен шок.

Share This Article