Актерката Шерон Стоун беше на овогодинешното 43-то доделување на Музите награди за жени во филмот и телевизијата во Њујорк. За време на нејзиниот говор на доделувањето на наградата, таа откри колку заработила за нејзината икона улога во филмот „Сурови страсти“.
„Заработив само 500.000 долари. Мајкл Даглас доби 14 мил. Тогаш бев нова во светот на глумата, а тој беше ѕвезда“, изјави Шерон.
Таа вели и дека цело време на снимањето на филмот се соочувала со омаловажување од страна на продуцентот кој ја нарекувал со погрешно име.
„Дури и на Гувернерскиот бал по Оскарите, тој сè уште ме викаше Карен. Се чувствував навистина понижено, а моето име го немаше ниту на плакатот“, рече таа. Стоун беше почестен на наградите Муза со уште осум жени, вклучувајќи ги Даниел Брукс, Џенет Јанг и Сандра Ли.
Таа го задржа белиот фустан од иконската сцена
Шерон се прослави со улогата во „Сурови страсти“ во 1992 година. Филмот го режираше Пол Верховен, а главните улоги ги толкуваа Даглас и Стоун. Филмот беше номиниран и за Оскар и за Златен глобус, а на крајот освои две награди на МТВ, пренесува Индекс.
Мајкл Даглас го играше детективот Ник Куран, поранешен алкохоличар и зависник од дрога, кој го презема случајот со убиството на поранешна рок-ѕвезда и сопственик на ноќен клуб, додека главниот осомничен, писателката за напнат трилери Кетрин Трамел, ја играше Шерон Стоун. Детективот и писателот наскоро се впуштаат во љубовна авантура.
Претходно Шерон изјави дека е платена значително помалку од машките колеги, но вели дека ја задржала целата облека од снимањето. „Го ставив договорот дека можам да ја задржам облеката. Луѓето мислеа дека сум луда, но вистината е дека не бев многу платена во споредба со моите машки колеги“, рече таа тогаш.
Меѓу облеката што ја чувала е и култниот бел фустан, кој се уште е во чантата со остатокот од нејзината гардероба. „Го скинав патентот, така што е запечатен како уметничко дело или многу кул временска капсула“, рече Шерон.