More

    Стотици луѓе се повредени во експлозијата во Нагорно-Карабах

    spot_img

    Најмалку 200 лица се повредени, а неутврден број луѓе загинале во силната експлозија што се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми, повикувајќи се на службата за итни случаи на Нагорно-Карабах, пренесе БТА.

    Причината за експлозијата се уште е нејасна. Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат голем пламен.

    – Потребна е итна воздушна евакуација на ранетите, бидејќи ресурсите на медицинскиот центар во Степанакерт се недоволни, изјави народниот правобранител на Нагорно-Карабах.
    Политичарот Метаксе Хакобјан рече дека за време на инцидентот многу луѓе чекале за бензин на локацијата, бидејќи сакале да отпатуваат во Ерменија за да избегаат.

    Раководството на 120 илјади Ерменци изјавија дека не сакаат да живеат под Азербејџан и дека ќе одат во Ерменија, бидејќи се плашат од прогон и етничко чистење. Раководството денеска соопшти дека имало метеж од правец Карабах кон Ерменија и дека на оние кои сакаат да заминат ќе им биде обезбедено бесплатно гориво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img