Стотина специјалци утрово влегоа во Казнено поправната установа Идризово во Скопје каде што вршат претреси.
Според информациите, инспектори и припадници на специјалните единици пребаруваат низ повеќе крила од затворот со цел да се пронајдат и одземат недозволени предмети.
Акцијата била планирана неколку денови, а доаѓа после големиот муслимански празник Бајрам, за кога имало процени дека состојбата може да ескалира.
Претресот се случува по добиени информации дека е можен судир помеѓу две криминални групи кои издржуваат затворски казни во затворот.
Засега нема официјални информации од МВР, повеќе подоцна.