Стопанската комора на Северна Македонија во Битола одржа обука на тема „Бизнис интегритет“ на која учествуваа менаџери на големи, мали и средни претпријатија од овој град

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стопанската комора на Северна Македонија во Битола одржа обука на тема „Бизнис интегритет“ на која учествуваа менаџери на големи, мали и средни претпријатија од овој град.

Обуката, како што изјави Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанска комора на РСМ, беше во функција на заедничката борба против корупцијата.

– Обезбедивме врвни предавачи кои пренесуваат сопствени знаења за тоа како да воведат механизам за заштита на етичкото работење во своите компании. Разговараме за важно прашање, за активност која се одвива во рамки на проектот „Граѓаните против корупцијата“, проект финансиран од американскиот народ преку агенцијата УСАИД и менаџиран од МЦМС. Во овој проект Стопанската комора има улога да ги поттикнува и да им помогне на компаниите како да се борат против корупцијата – истакна Јовановски.

Според Елена Тримчевска Лапе, офицер за усогласеност на Алкалоид АД Скопје, воедно експерт и обучувач, корупцијата генерира корупција.

– Нашата компанија има воведено систем за интегритет и систем за усогласеност и како општествено одговорна компанија директно придонесуваме на оваа обука. Нашата цел е да ги пренесеме и споделиме со претставниците на големи, мали и средни претпријатија нашите искуства и нашето know-haw за тоа како беше воведен нашиот систем за интегритет. Цената на корупцијата е многу висока. Корупцијата е многу скапа работа и корупцијата генерира корупција. Ние и понатаму ќе ги развиваме сите механизми и ќе водиме борба против корупцијата затоа што сите компании се чинители во економијата и од бенефит за сите нас е да се зајакнат сите капацитети и да се отстранат сите негативни појави во економијата за процесите да се движат напред – нагласи Тримчевска Лапе.

Стопанската комора на Северна Македонија денеска во Битола презентираше повеќе информации и резултати од анкета за корупцијата со која се соочува приватниот сектор.

фото: МИА

Share This Article