Стоматолог од Газа раскажува за стравичниот повик од непознат број кој траел со часови

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Стравична приказна за стоматолог од Појасот Газа кој взори на 19 октомври добил повик од израелското разузнавање беше објавена од Би-Би-Си. „Имаме наредба да бомбардираме. Имаш два часа“, му рекле на слушалка на 40-годишниот Махмуд Шахин додека тој излегувал од својата зграда во Ал Захра. На тој ден се случи големо бомбардирање.

Махмуд веќе бил излезен бидејќи слушнал како луѓе пред зградата врескаат, а потоа телефонот заѕвонел. Му рекле дека планираат да бомбардираат три кули. „Што ако по грешка бомбардираат погрешна зграда?“, си помислил.

Првото нешто што го направил Махмуд е го замолил човекот да не ја спушта слушалката. Така пеколниот повик траел цел час.

– Во моите раце сега беа животите на луѓето – се исповеда тој за Би-Би-Си.

Немал поим зошто како стоматолог бил избран за задачата. Но, решил да ја евакуира околината. Да помогне. Иако неговата зграда не била една од трите за кои му рекле дека ќе бидат бомбардирани.

На сиот глас почнал да вреска за да ги предупреди луѓето да побегнат. А потоа на телефонот го молел човекот да престане бомбардирањето.

Сателитските снимки од бомбардирањето и информациите од разни извори се поклопуваат со приказната на Махмуд. Околу 25 станбени блокови во кои имало стотици станови биле гаѓани од страна на израелските одбранбени сили ИДФ.

 

 

- Advertisement -
Ad image

Махмуд побара од гласот на телефонот да испука предупредувачки истрел за да докаже дека повикот не е лажен. Ако оние што сè уште спијат не ги слушнат врисоците од улиците, тогаш ќе го слушнат истрелот, помислил тој.

Предупредувачки истрел се слушнал како да доаѓа навидум од никаде. Можеби експлозијата била од дрон кој погодил еден од станбените блокови, вели тој.

„Ги замолив да „испукате уште еден предупредувачки истрел пред да бомбардирате“, вели Махмуд.

- Advertisement -
Ad image

Се слушнала уште една експлозија.

Сега кога Махмуд знаел дека целата работа е вистинската, се обидел ја сопре акцијата.

– Му реков: „Немој да не изневеруваш и да бомбардираш додека луѓето сѐ уште се евакуираат.

Човекот рекол дека ќе му даде време на Махмуд.

– Рече дека не сака никој да умре – се сеќава стоматологот.

Махмуд со отворен телефон почна да трча низ населбата и да ги повикува луѓето да се евакуираат.

– Не сакав да знам дека има некој што можев да го спасам, а не го спасив – вели Махмуд.

Стотици луѓе излегле на улиците тоа утро. Жителите на овој вообичаено мирен град врескале и трчале, некои од нив носеле пижами или облека за молитва.

– Прашав: Зошто сакаш да бомбардираш? Тој рече: „Има некои работи што ги гледаме, а вие не ги гледате. Тоа е наредба од луѓе поголеми од мене и од вас, а ние имаме наредба да бомбардираме – се сеќава Махмуд.

Израелски авион се поајвил на небото. Почнало бомбардирањето. Еден од трите кули за кои било најавено дека ќе бидат погодени почнал да се руши.

– Ова е кулата што ја сакаме, држете се настрана – му рекол човекот на телефон додека зградата паѓала.

И двата други блока потоа биле уништени.

Кога бомбардирањето престанало, Махмуд се сеќава на гласот кој му рекол: „Завршивме… можеш да се вратиш“.

Но, вечерта кога со фамилијата се вратиле дома од ноќната молитва на неговиот мобилен телефон повторно имало пропуштен повик. Срцето му се скаменило, вели тој. Знаел дека пак ќе има бомбардирање. Се јавил, а човекот овојпат му се претставил како Дауд. Дауд му рекол на Махмуд дека е „мудар човек“ и дека затоа него му се јавуваат.

Махмуд не можел да сфати како израелските служби знаат за тоа како се викал, дека работи како стоматолог 15 години и други информации.

Човекот му рекол дека повеќе згради ќе бидат уништени и дека треба да ги извести соседите. Махмуд пробал да го разубеди гласот, да му каже да не врши „масовна казна“. Но, вели дека било безнадежно.

Во текот на пеколната ноќ биле евакуирани повеќе од 20 блокови со згради. Махмуд се координирал со Дауд. Пред да почне евакуацијата тој го замолил да му даде време. Дауд му одговорил дека има два часа. Во еден момент Дауд со леден глас му рекол:

– Не одвојувај време. Нема да бомбардирам освен ако не ми дадеш дозвола.

На ова Махмуд одговорил:

– Не, тоа не е дозвола од мене. Јас не сакам ништо да бомбардирате. Ако сакате да се евакуирам, ќе се евакуирам за безбедноста на луѓето, но ако сакате да бомбардирате, не ми кажувајте дека ви треба мојата дозвола.

Опсежната и репортажа на Би-Би-Си во детал ги опишува моментите од кобниот ден за Махмуд, давајќи потресна слика за голготата која ја преживеал.

Share This Article