Стомачен вирус ги наполни амбулантите – Лекарите апелираат да миеме раце и да внимаваме што јадеме и што пиеме

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Многу силни стомачни болки, грчеви, силна треска, температура до 39 степени, честа дијареја, нагони на повраќање… Со овие симптоми предизвикани од стомачен вирус пациентите бараат помош кај матичните лекари речиси секое лето.

– Доилка сум, мајка на едномесечно бебе. Воопшто не сум излезена надвор и не дозволуваме други луѓе да влегуваат кај нас дома сè додека бебето не наполни 40 дена. Но, пред некој ден јас неочекувано почнав да повраќам, имав силни болки во стомакот, дијареја и температура од 39 степени. Појдов на лекар и ми кажаа дека станува збор за стомачен вирус. На лекарката ѝ кажав дека немам контакт со луѓе и дека не излегувам надвор, а таа ми објасни дека вирусот може да се закачи и од самиот воздух што го дишеме, без разлика каде се наоѓаме. Исто така, ми кажа дека не сум првата што се жали од истите симптоми и дека вирусот се шири сè побрзо и побрзо – вели Симона од Скопје.

Таа добила препорака од докторката да се изолира, да пие течности, да јаде лесна храна, да зема пробиотици, спазмолитици по потреба, антипиретици, а во краен случај ако има потреба да прими и инфузиска терапија.

Плусинфо разговараше и со д-р Лидија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари, која ни ги посочи проблемите со кои се соочуваат пациентите кои бараат помош во амбулантите.

– Во ова време секоја година малку е зголемен бројот на пациенти со стомачни болки. Најчесто поради високите температури се пијат многу ладни напитоци кои прават дисбаланс во цревната функција. Се бањаат малите деца во куќни базенчиња и по цел ден се во вода, а притоа костимите не се пресоблекуваат и настануваат настинки на цревата – вели д-р Чолакова Дервишова.

Таа на своите пациенти им препорачува во овој период од годината особено да внимаваат на внесот на храна, да се избегнуваат мајонезот и други производи кои се брзо расипливи и може да предизвикаат салмонела.

– Многу често имаме и патнички проливи предизвикани од ешерихија коли, значи потребна е голема хигиена на рацете. Летото е прекрасно но мора да се внимава на здравјето постојано – додава Чолакова Дервишова.

Министерството за здравство често во јавноста излегува со препораки за заштита и превенција од стомачен вирус.

– За заштита и превенција од ова заболување се препорачува избегнување контакт со заболен, одржување лична хигиена, редовно миење раце, темелно миење на овошјето и зеленчукот пред консумирање, чистење и дезинфекција на површини, а особено на детските играчки – се вели во последната објава на Министерството за здравство поврзана со стомачните вируси.

- Advertisement -
Ad image

Што е стомачен вирус?

Стомачен вирус е заболување предизвикано од различни типови ентеровируси. Ова заболување најчесто се појавува кај помладата популација, во текот на целата година, а особено на почетокот на пролетта и летото.

Најголем дел од заразените (над 90 проценти) не развиваат никакви симптоми, а кај останатите може да се појави покачена температура, симптоми на настинка, симптоми на гадење, повраќање, дијареја. Во многу ретки случаи стомачните вируси може да предизвикаат и компликации, особено кај лицата со намален имунитет, како што се мозочни и срцеви заболувања, воспаление на бели дробови…

Стомачниот вирус најчесто се шири при контакт со заболено лице или индиректно преку загадена вода, храна, предмети (детски играчки, прибор за јадење …).

- Advertisement -
Ad image

Лекувањето на стомачниот вирус кај полесните случаи опфаќа симптоматска терапија и консумирање повеќе течности и витамини за да се спречи дехидрирање, додека кај поизразената клиничка слика потребна е дополнителна терапија по препорака на лекар.

Share This Article