More

    Столтенберг вели дека НАТО се подготвува за најлошото

    spot_img

    Русија мора да избере помеѓу дипломатско решение за кризата околу Украина или соочување со економски санкции, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, за кого „нападот е сè поизвесен“, пренесува Б92.

    – Бројот на руски војници се зголемува. Можниот напад е сè поизвесен. НАТО не е закана за Русија, но мораме да бидеме подготвени за најлошото, додека веруваме во политичко решение-рече тој.

    – Русија има избор: може да избере дипломатско решение, но ако изберат конфронтација, ќе платат висока цена – додаде Столтенберг.

    Столтенберг денеска во Брисел се сретна со британскиот премиер Борис Џонсон. За Џонсон војната би била „апсолутна катастрофа“. Како одговор на прашање на новинар на Би-Би-Си, тој процени дека украинската армија моментално има 200.000 војници.

    – Само сакам да нагласам дека би било апсолутна катастрофа доколку има војна на украинска територија, како и дека ќе има сериозно крвопролевање – предупреди британскиот премиер.

    Тој рече дека луѓето во Русија мора да размислат и дали е разумно да се троши крвта на руските војници во војната, што според него би било катастрофално.

    Дека инвазијата на Украина не би била „прошетка во парк“ за Русите, објасни и командантот на украинските копнени сили, генерал Олександар Сирски, пренесува „Скај њуз“.

    – Вооружените сили на Украина се подготвени. Ние сме способни и без борба нема да се откажеме од ниту еден метар украинска земја. Ова нема да биде обична прошетка во парк, доколку одлучат да извршат целосна инвазија. Ова е предупредување. Ќе се бориме до последен здив за секој метар украинска земја. Верувам во украинските војници. Верувам во нашите вооружени сили и верувам во нашата победа – изјави Сирски.

    Украинскиот генерал денеска кажа дека неговите војници ќе почнат серија воени вежби на северот на Украина, во близина на границата со Белорусија, каде руските и белоруските сили, од друга страна, изведуваат голема заедничка воена вежба. Обука ќе има и на југот од земјата со оружјето кое Украина го доби од САД и од Велика Британија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img