Столтенберг: Соработката меѓу Кина и Русија е закана за Азија и Европа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека зајакнувањето на Кина и соработката на Пекинг со Русија претставуваат закана не само за Азија, туку и за Европа и побара посилна соработка и повеќе „пријатели“ на алијансата во Азија.

Столтенберг во Токио рече дека Кина се повеќе инвестира во нуклеарно оружје и ракети со долг дострел, со притисок врз соседните земји и Тајван.

Фактот дека Русија и Кина се зближуваат и значајните инвестиции на Пекинг во модерно оружје нагласуваат дека Кина претставува закана, но и предизвик за НАТО. Безбедноста не е регионална, туку глобална, рече Столтенберг.

Според него, соработката меѓу Кина и Русија води до авторитарно потиснување на отворениот демократски меѓународен поредок, пренесува АП.

Столтенберг изјави дека НАТО не ја смета Кина за свој противник, ниту пак сака конфликт, поради што ќе продолжи да соработува со Пекинг во области од заеднички интерес, како што се климатските промени.

Share This Article