Столтенберг побара веднаш да се испрати оружје и муниција во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика поддржувачите на Украина да испратат повеќе муниција и оружје додека Русија го засилува притисокот непосредно пред првата годишнина од нејзината инвазија.

– Не гледаме знаци дека претседателот Путин се подготвува за мир – рече Столтенберг во седиштето на НАТО во Брисел.

– Она што го гледаме е спротивното. Тој се подготвува за уште војна, за нови офанзиви и нови напади – додаде тој по пристигнувањето на состанокот предводен од САД за координирање на испораката на оружје за Украина.

Столтенберг ги повика членките и партнерите на НАТО да достават повеќе муниција и брзо да го испорачаат веќе ветеното оружје.

Тој додаде дека снабдувањето на Украина со борбени авиони не е најгорливиот проблем, но призна дека поддршката за Украина еволуирала во текот на изминатите месеци.

– Министрите за одбрана на НАТО подоцна денеска ќе разговараат за тоа како да се зголеми производството на муниција за да се задоволат потребите на Украина и да се надополнат домашните резерви – рече Столтенберг.

Share This Article