More

    Столтенберг побара укунување на ограничувањата за употреба на западно оружје од Украина за цели во Русија

    spot_img

    Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје од страна на Украина за да напаѓаат воени цели во Русија

    – Мислам дека дојде време сојузниците да размислат дали да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина. Лишувањето на Украина од можноста да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија во голема мера ја комплицира нејзината одбрана – рече Столтенберг во интервју за  „Економист“.

    Генералниот секретар изјави дека Русија води агресивна војна и Украина има право да се брани.

    – И тоа вклучува удари на цели на руска територија – објасни генералниот секретар на НАТП, истакнувајќи дека некои сојузници веќе ги укинаа таквите ограничувања и „време е и другите сојузници“ да размислат за тоа.

    Столтенберг истакна дека самоодбраната е „вградена во Повелбата на ОН“

    – Ние и помагаме на Украина да го одбрани ова право, што треба да ја вклучи можноста за удари на руска територија – нагласи генералниот секретар на НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img