Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека западната воена помош за Украина е она што е потребно за да се донесе мир во најкус можен рок, пренесе Ројтерс.
Во интервју за германскиот медиум ДПА, чии делови беа објавени во петокот, Столтенберг рече:
– – Можеби звучи парадоксално, но воената поддршка за Украина е најбрзиот пат до мир.
Шефот на западниот воен блок тврди дека за да заврши конфликтот, рускиот претседател Владимир Путин треба да дојде до заклучок дека неговите сили не се во можност да ја преземат Украина.
Дури тогаш, според Столтенберг, Кремљ ќе биде подготвен да преговара за решение.