More

    Стојковски е специјалист за малигни и коскени тумори и за карциноми на кожата

    spot_img

    Нов директор на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје е Игор Стојковски.

    Доктор Стојковски е шеф на отсек на Одделението за малигни тумори на ЦНС, коскени тумор и кожа на Клиниката за онкологија. На оваа функција е од 2013 година, а претходно работел како шеф на отсек на Одделението за малигни тумори на главата и на вратот.

    Од 1997 до 1998 година работи како лекар – волонтер на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје, а од 2000 до 2004 година како лекар на специјализација на оваа Клиника. Од 2018 до 2023 година бил доцент на Катедрата за онкологија со радиотерапија при Медицинскиот факултет во Скопје, а од 2023 година е вонреден професор на овој факултет.

    Вчера нови медицински директори добија Клиниката за токсикологија и Клиниката за неврологија во Клинички центар „Мајка Тереза“. За нов директор на токсикологија е поставен професор доктор Андон Чибишев, а неврологија ќе ја раководи поранешниот министер за здравство доктор Фатмир Меџити.

    Стојковски доаѓа на местото на Виолета Клисаровска на која месецов и истекол договорот на вд позицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img