Стоилковски прашува зошто само еден превозник се јавил на тендерот на „Македонија пат“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Костадин Ацевски кадар и експратеник на СДСМ, за „Македонија пат“ склучува договор за транспорт на битумен и само за транспорт без цената на битумен плаќа неверојатни над 4,5  милиони евра. Само за транспорт, 4,5 милиони евра. 374 цистерни, по над 12 илјади евра за цистерна. Еве го договорот уште еднаш, за еден тон битумен, променлив дел од методологијата, она што може да се менува според берзанската цена Ацевски плаќа 600 евра, а само за транспорт на тон битумен неверојатни 500 евра за тон. Од тука логично е прашањето: Како е возможно, во време на економска криза, за заработка од 4,5 милиони евра, да има само и само еден понудувач на овој тендер распишан од Костадин Ацевски во име на „Македонија пат“? Како е возможно за толкави пари да нема заинтересирани, особено ако се има предвид дека за иста набавка на битумен имало заинтересирани повеќе за цена од 50 евра за еден тон, прашува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Ацевски признава дека Улици и патишта, скопското јавно претпријатие има договор за битумен којшто споредбено покажува колку потписот на Ацевски стои на нереална сума за транспорт. Таа „некоја разлика“ како што милува да ја нарекува Ацевски за цените за транспорт, е цели 11 илјади евра по цистерна. ЈП плаќа 1,000 евра за транспорт, Ацевски 12.000 евра за една цистерна.З а целиот тендер, таа разлика е 4,1 милиони евра. Тоа господине Ацевски, не е „некоја разлика – вели Стоилковски.

Портпаролот додава и дека директорот на „Македонија пат“ Ацевски, мора да каже како е возможно само и само една фирма да е заинтересирана за толкав тендер.

– Ацевски мора да каже зошто другите две фирми коишто биле заинтересирани како што самиот истакна на прес конференцијата, не конкурирале, туку само една фирма поднела и добила толкав тендер со толкава нереална цена – додава Стоилковски.

Share This Article