More

    Стоилковски ги прозва звучните имиња да го коментираат колапсот на Хирургија

    spot_img

    Најмалку 12 оддели на Хирургија не функционираат нормално веќе две недели, а нема ниту збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

    – Збор за хаосот немаат ниту д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, ниту д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, ниту д-р Зоран Караџов од Абдомен, ниту д-р Сашо Дохчев од Урологија, д-р Александар Жупановски од неврохирургија, збор нема ниту д-р Неџат Јакупи од Торакална, ниту д-р Славица Литајковска од Детска хирургија, збор нема од д-р Далип Јахија од Ортопедија, ниту д-р Никола Брзанов од Ургентен, ниту пак гласните д-р Илир Хасани од Траума екс-заменик министер и партнер на Филипче во градба, или д-р Маја Мојсова од КАРИЛ, толку гласна и ангажирана Филипче да не даде оставка после трагедијата со тетовската модуларна болница. Ова е срамно и неетичко однесување, да се чека крај на мандат со скрстени раце, додека пропаста на Хирургија ги преоптовари сите болници во Македонија, а пациентите чекаат за операции. Срамно е поради негрижа да пропадне Клиниката за хирургија, пациентите да заминуваат во приватните болници, на своја или на сметка на државата – вели Стоилковски.

    Тој потсети дека не се огласиле ниту министерот ниту овие дванаесетмина за економскиот директор којшто со екипа заминал на Азурен брег, ниту пак за оние т.н. Заеднички служби.

    – Срамно е за белиот мантил, политичката определеност на неколкумина да се определат за молк да е поважна од тоа да се помогне на пациент. Доведувањето на Хирургија до состојба со затворени сали, скапан систем за компримиран воздух, скапана вентилација, скапани лифтови, исклучени рентдени, исклучени компјутерски томографи, скапани одаи за КАРИЛ, да не се овозможи да се реновира, а фирмата да моли за услови, а директори и администрација да се шетаат на Азурен брег е сѐ само не здравство, и се само не случајност или инцидент во столбот на македонското здравство, Клинички центар – вели Стоилковски.

    Тој нагласи дека одговорност ќе има за злоупотреба на службена положба која се прави со постапување, но и со непостапување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img