More

    Стјуарт одбил да настапува во Катар за милион долари

    spot_img

    Пејачот Род Стјуарт откри дека одбил да замине во Катар, иако му биле понудени повеќе од еден милион долари за да настапи таму. Пејачот во интервју за „Сандеј тајмс“зборуваше за претстојното Светско првенство во фудбал во Катар и порача дека не е прифатливо да се оди во таа земја.

    „Пред 15 месеци ми понудија многу пари, над милион долари, за да настапам таму. Ги одбив. Не е во ред да се оди таму. И Иранците исто така треба да бидат исклучени од сѐ, поради набавката на оружје “, изјавил 77-годишниот музичар.

    Коментарите на музичарот доаѓаат откако комичарот Џо Лајсет му рекол на Дејвид Бекам дека тој ќе го „раситни“ и ќе донира 10.000 фунти на добротворни организации за поддршка на ЛГБТ доколку спортистот не се повлече од договорот со Светското првенство во Катар. На Бекам наводно му биле исплатени 10 милиони фунти за да биде амбасадор на земјата.

    Бекам беше жестоко критикуван дека поради прифаќањето пати од земја во која хомосексуалноста е противзаконска, со оглед на тоа што претходно важеше за голем сојузник на ЛГБТК+ заедницата.

    Кога беше објавено дека Роби Вилијамс планира да настапува во Катар овој декември, имаше бурни реакции. Меѓу критичарите беше и ТВ водителот Пол О’Грејди. Тој рече: „Изненаден сум Роби… Не постојат тие пари поради кои би одел таму“.

    Светското првенство во фудбал се одржува во Катар од 20 ноември до 18 декември. ФИФА побара од учесниците „да се концентрираат на фудбалот, а не на политичките прашања“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img