More

    Стјуардеса откри како славните се однесуваат во авион

    spot_img

    Поранешна стјуардеса на „Делта ерлајнс“ се присетила на најнезаборавните средби со славните личности во текот на нејзините шест години работа во авионот и на некои им даде оценка за нивното однесување во текот на летот.

    Кат Камалани (32) одлучила да ја пронасочи кариерата по пандемијата на коронавирусот и сега живее на Хаваи, а нејзините објави на социјалната мрежа ТикТок ги следат над 960.000 луѓе.

    Меѓу другите, на летот од Лос Анџелес до Њујорк, Кет ја запознала Ким Кардашијан, за која вели дека била „толку симпатична што не ѝ го забележала ниту тоа што отишла во тоалет без чевли“. Таа ѝ дала оценка 10/10.

    Стјуардесата ја опиша актерката Елизабет Беркли како „многу слатка“. „Беше малку лудо со неа, нејзиното дете и дадилката, но беше толку љубезна… Исто како ангел“.

    На еден лет, Кат се сретнала и со шампионот на УФЦ Конор Мекгрегор. Признала дека на почетокот немала поим кој е тој, а кога го запознала, како што вели, не и се допаѓал премногу бидејќи „не се обратил никому од екипажот“. Таа му дала оценка од 7/10.

    Поранешната манекенка на „Викторијас сикрет“, Рози Хантингтон Вајтли, не се рангирала толку високо на листата на Кат поради нејзината пребирлива храна и навиките за јадење и пиење за време на седумчасовниот лет.

    „Таа леташе од Њујорк до Лондон. Мириса неверојатно и изгледа фотошопирано во реалниот живот. Но, ништо не јадеше во авионот, ниту пиеше. Таа само купи изворска вода”, рекла Кат, а пренесува „Дејли мејл“.

    Британската убавица Роузи добила оценка 8 од 10.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img