Британскиот актер Стивен Фрај паднал од сцената во „О2 арената“, Лондон, кога почнал да излегува по говорот на Фестивалот за вештачка интелигенција и технологија.
„Дејли мејл“ пишува дека тој го завршил говорот и ја напуштал сцената кога паднал од работ на бината на подот. Фрај се здобил со повреди на ребрата и нозете.
„Тој падна од висина од два метри на подот. Изгледаше дека е прилично повреден бидејќи го однесоа во инвалидска количка“, изјави еден од посетителите на конференцијата.
– Немаше за што да се држи во тој момент. Падна од два метри и изгледаше како веднаш да помодре. Поради повредата го ставија во инвалидска количка – изјави очевидецот.
Несреќата се случила минатиот четврток, но сè уште нема нови информации за познатата ѕвезда, пишува „Дејли мејл“.
– Бевме многу загрижени кога слушнавме за несреќата што се случи откако Стивен одржа говор за влијанието на вештачката интелигенција. Мислиме на него и му посакуваме брзо закрепнување. Покренавме истрага, дотогаш не сме во можност да соопштиме повеќе детали за овој случај – изјави портпаролот на настанот.